НЛБ Банка АД Скопје вчера изврши исплата на дивиденда согласно Одлуката за определување на износ на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје на Собранието на акционери од 29.05.2025 година.
Вкупниот износ на дивиденда кој им се исплаќа на акционерите изнесува 2.217.142.356 МКД. Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 2.596 МКД.

