25 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИБидете дел од фитнес авантурата под отворено небо со Реплек и Елена...

Бидете дел од фитнес авантурата под отворено небо со Реплек и Елена Бубало

Под мотото „За мое добро“, а во рамките на „РЕсет“ платформата за ДОБРОСОСТОЈБА, Реплек ja организира досега најголемaтa фитнес сесија на отворено. Сесијата ќе биде под водство на познатата фитнес инструкторка Елена Бубало, а ќе се одржи на 28 јуни 2025 (сабота) година, во Паркот на Франкофонијата во Скопје, со почеток од 18:30 часот.

Настанот има за цел да поттикне активности кои ќе го подигнат нивното на метална и физичка добросостојба кај граѓаните и ќе го подобрат нивото на општото здравје.

Сесијата ќе биде прилагодена за сите возрасти, без оглед на претходната физичка подготвеност на учесниците. Ќе можат да се вклучат и родителите со помали деца, бидејќи за најмладите е предвидено детско катче.

Дополнителна мотивација за фитнес ќе биде и поддршката од македонските диџеи – диџеј Брик и диџеј Александар Јорданов, кои ќе имаат свој настап во рамките на настанот.

Настанот е отворен за јавноста. Пријавувањето за лицата кои сакаат да вежбаат се врши на следниот линк: https://shorturl.at/L9IWe

Ова е веќе четврто издание на настанот во рамките на „РЕсет“ платформата, чија цел е да поттикне позитивни лични и колективни промени во општеството преку конкретни активности за промоција на ментално и физичко здравје, реализирани со поддршка на професионалци и експерти од релевантни области.

Минатиот месец се одржа работилницата за добросостојба во соработка со д-р Александар Митов, на која учесниците имаа можност да стекнат практични совети за здрава исхрана и управување со стресот, а претходно вакви работилници беа организирани и со алпинистиката Илина Арсова, како и со Борче Стаменов – Донирај компјутер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар