4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако да се спречи кражба на автомобил

Како да се спречи кражба на автомобил

kradec

Секоја година во светот се поголем е бројот на украдени автомобили. На „мета“ на крадците се скоро сите марки на возила, така да тешко може да се говори за тоа кој бренд на автомобил е најомилен кај крадците. Поради тоа многу е важно да се превземат сите мерки како би се намалила можноста вашиот автомобил да стане нивна жртва.

Еве неколку совети како да го намалите ризикот од кражба.

Секој автомобил би требало да има аларм. Овие уреди долго се присутни на пазарите и забележаа голем број на подобрувања, но и натаму во најголема мерка се застапени „класичните“ аларми, односно оние кои со звучни и светлосни сигнали предупредуваат во обидот за кражба. Во светот и кај нас, се попознати се т.н. „тивки“ аларми, кои испраќаат предупредување на некој друг уред (често на мобилен телефон). На тој начин се елиминира непотребната бучава, на која граѓаните се навикнати, па честопати се случува и да не посветат внимание на вклучен аларм. Овие аларми имаат и мана, затоа што приемниот уред мора да биде во одреден радиус од возилото, што повторно не е проблем доколку сте паркирани пред зграда.

Сателитско следење на возилото. Ова е добар начин да го заштитите вашиот имот на четири тркала. Ова не е начин да ја спречите гражбата, но и помага на полицијата да им влезе во траг на крадците. Кај овие уреди е многу важно да бидат добро скриени, за крадците да не забележат дека возилото е опремено со овој систем и на време да го исклучат.

Електронски клуч. Ова е дел од стандардната опремена на новите автомобили. Тој помага да се спречи неовластеното стартување на моторот, па единствен начин да останете без вашиот автомобил е доколку тој биде одвлечен, за што шансите се многу мали. Би требало да водите сметка да не ги загубите клучевите, затоа што единствено овластените продавачи и сервисери можат да ви направат нова копија.

Направите кои работат во принципот „клешта“. Тие не припаѓаат на категоријата висока технологија, но нудат висок степен на заштита и претставуваат првенствено фактор за оттргнување на крадците, затоа што за оваа заштита им е потребно повеќе време, а притоа се прави голема бучава. На овој начин се заклучува управувачот, сопирачката или и едното и другото.

Последниот, но и најважен фактор е самиот возач. Доколку и натаму имате навика да не го заклучувате автомобилот, а да ги оставите клучевите во него или дури да го оставите автомобилот вклучен додека набрзинка купувате нешто од продавница, за ова нема да ви помогне никаква технологија или уред. Значи, не ги предизвикувајте крадците и преминете ги останатите степени на заштита.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП