24 јуни, 2025
ПочетнаСВЕТТрамп објави дека војната е завршена

Трамп објави дека војната е завршена

Околу четири часа откако објави дека е постигнат „целосен прекин на огнот“ меѓу Израел и Иран, што Иран веднаш го негираше, американскиот претседател Доналд Трамп повторно се огласи на својата платформа за социјални медиуми.

„Израел и Иран дојдоа кај мене, речиси истовремено, и ми рекоа: „МИР!“ Знаев дека е вистинско време за САД. Светот и Блискиот Исток се вистинските ПОБЕДНИЦИ!

И двата народа ќе доживеат огромна ЉУБОВ, МИР И ПРОСПЕРИТЕТ во иднина. Тие имаат толку многу да добијат, а толку многу да изгубат ако отстапат од патот на ПРАВДАТА И ВИСТИНАТА.

Иднината на Израел и Иран е НЕОГРАНИЧЕНА и полна со големи ВЕТУВАЊА. БОГ ДА ВЕ БЛАГОСЛОВИ И ДВАЈЦАТА!“, напиша Трамп.

Во објавата, тој не го спомена претходниот пост на платформата X од иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракџи, кој рече дека не е постигнат „договор“ за прекин на воените операции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар