4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКорисниците на iOS добија надградба на верзијата 7

Корисниците на iOS добија надградба на верзијата 7

iOS-71221

Технолошкиот гигант „Apple“ ја претстави најновата верзија на својот оперативен систем, односно верзијата „iOS 7.0.4“, која сега е достапна за нивните уреди „iPhone“, „iPad“ и „iPod Touch“.

Оваа верзија содржи помали подобрувања и отстранување на „баговите“, како што се вели и во самото ажурирање, на пример средување на проблемите со „FaceTime“ повиците кај одредени корисници. Освен тоа, постојат и некои минорни подобрувања во поглед на сигурноста на оперативниот систем.

Истовремено, „Apple“ ја објави верзијата „6.1.5“ за четвртата генерација на уредите „iPod Touch“, на која ги подобрија истите проблеми поврзани со „FaceTime“. Финално, тука е и „6.0.2“ верзијата за „Apple TV“, иако се уште е нејасно кои подобрувања ги има.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП