29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren P1 е веќе распродаден

McLaren P1 е веќе распродаден

p1 mekllren

Еден од најпрестижните супер-спортски автомобили на пазарот е распродаден и тоа само осум месеци од премиерата која ја имаше на саемот во Женева.

Иако основниот модел чини околу милион евра, сите 375 примероци на моделот „P1“, колку што „McLaren“ планираше да произведе, веќе ги добија своите сопственици. Во британската компанија потајно се надеваа на успех на овој модел, но вака големата побарувачка и тоа во толку краток временски период, сепак ги изненади.

„Си поставивме цел да ги продадеме сите автомобили до крајот на 2013-та година, а првите испораки да започнат во септември. Побарувачката за моделот „P1“ беше во константен пораст уште од март и женевската премиера. Позитивните реакции на првите купувачи во комбинација со добрите оценки кои на автомобилот ги даде „Top Gear“, влијаеа „P1“ да се распродаде и пред зацртаниот рок“, изјави портпаролот на „McLaren“.

Од големата тројка која се појави во 2013-та година („LaFerrari“, „McLaren P1“ и „Porsche 918 Spyder“), најмногу шанси да дојдат до сопственост на автомобил имаат купувачите заинтересирани за „Porsche 918 Spyder“, кој ќе биде произведен во „918“ единици. „Ferrari“ планира да понуди 499 примероци од својот топ модел и неофицијално сите веќе се продадени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП