5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung планира телефон со дисплеи на три страни

Samsung планира телефон со дисплеи на три страни

tri dispelij

Компанијата „Samsung“ најави дека веќе следната година во продажба би требало да се појави новиот телефон кој ќе има дисплеј, како на предната, така и на двете страни на уредот.

Овој телефон е дел од проектот за подобрување на „Youm“ серијата на фелксибилни „OLED“ дисплеи.

Страничните дисплеи ќе служат за прикажување на текстуални пораки и електронски пораки, како и слични известувања.

Телефонот најверојатно би требало да биде преставен во втората половина на 2014-та година. Се уште нема податоци за тоа дали тој ќе припаѓа на некој од популарните серии на „Samsung“, „S“ или „Note“, или пак ќе биде дел од некој нова серија на смартфони.

Трката за иновации во „IT“ светот за загреа, „Samsung“ неодамна стана првиот кој на корисниците им понуди телефон со закривен екран, моделот „Galaxy Round“. Само неколку дена подоцна и „LG“ го престави сличниот уред „G Flex“, a и „Apple“ е подготвен да влезе во оваа трка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП