20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes SLS AMG GT Final Edition

Mercedes SLS AMG GT Final Edition

gt kola

Најавите дека „Mercedes“ во летото 2014-та година ќе заврши со производството на моделот „SLS AMG“, компанијата дополнително го означи овој чекор со симболичен назив на нова и ограничена серија, „GT“ верзија на овој автомобил.

„Mercedes SLS AMG GT Final Edition“ ќе биде понуден во „Coupe“ (Gullwing) и „Roadster“, а бројот на автомобили кои ќе го најдат патот до своите сопственици е ограничен на 350. Под хаубата ќе се наоѓа истиот 6.3 литарски V8 од стандардниот модел „GT“, кој развива 591ks (435 kW).

Автомобилите од серијата „Final Edition“ ќе се разликуваат од моделот „GT“ по црната боја на хаубата која е изработена од јаглеродни влакна, редизајнираниот преден браник, задниот спојлер и новите сопирачки.

gt kola1

Покрај тоа, затемнети се и фаровите на автомобилот, а куќиштата на надворешните ретровизори исто така се направени од јаглеродни влакна.

Повеќе детали и фотографии од моделот „SLS AMG GT Final Edition“ ќе бидат достапни по премиерата која во исто време ќе се одржи на саемите за автомобили во Лос Анџелес и Токио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП