6 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛани во Македонија се изградени 5400 станови, најмногу во Скопје, а цената...

Лани во Македонија се изградени 5400 станови, најмногу во Скопје, а цената на квадратот достигна 3000 евра!

Во текот на ланската година градежните компании изградиле 5.405 станови. Вредноста на градежните работи изнесувала 650 милиони евра. Најголемиот дел од нив се во Скопје и тоа над три илјади. Просечната големина на становите изнесувала 65 метри квадратни. Во однос на одобренијата за градба, интересот и натаму не запира, се повеќе се бараат дозволи за градба.

Во 2024 година, градежните компании изградиле 5.405 станови во вредност од 39.8 милијарди денари. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани се градени вкупно 2.641 објекти и завршени се вкупно 5.405 станови со вкупна површина од 348.720 м2, од кои 5.255 се во индивидуална сопственост. Најмногу се градело во Скопскиот Регион.

Во однос на одобренијата за градба, податоците на статистичарите велат дека бројот на одобренијата за градење во април 2025 година е зголемен за близу 40 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Податоците велат дека во четвртиот месец од годинава се издадени 357 одобренија за градење. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува нешто над 100 милини евра, што е за 11% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Податоците велат дека половина од одобренијата за градба се наменети за изградба на високо градба. Дополнително, од вкупно 357 објекти, како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 203 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во анализираниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 60.833 м2.

Во однос на цената, градежниот сектор не се откажува од континуирано зголемување на квадратниот метар станбен па и деловен простор. Повеќе новоградба не може, барем не во Скопје да се најде стан кој чин под 1.500 евра. Локацијата, изведбата и уште неколку други параметри може да ја набилдаат цената и до три илјади евра во главниот град, велат градежниците и тоа се продава. А додека има купувачи за таа цена и за нешто под три илјади евра, цените на становите нема да запрат со зголемување. Иако беше најавено дека до крајот на ланската година ќе се случи некаква стабилизација на цените, и натаму забележан е раст.

Познавачите велат дека во сета оваа игра најмногу профитирале граѓаните кои продаваат стар стан. Со мала корекција, и реновирање на неколку основни работи во станот тој може да се продаде и над 1.500 евра за метар квадратен.

И.П.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар