13 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Netflix“ ќе инвестира 1 милијарда евра во продукции во Шпанија до 2029-та

„Netflix“ ќе инвестира 1 милијарда евра во продукции во Шпанија до 2029-та

Американскиот стриминг гигант „Netflix“ објави дека ќе инвестира над една милијарда евра во продукции во Шпанија, која стана еден од неговите центри за создавање аудиовизуелни производи во Европа.

„Во текот на следните четири години, планираме да инвестираме над една милијарда евра во Шпанија“, рече ко-извршниот директор на „Netflix“, Тед Сарандос, за време на настан во студијата на компанијата во близина на Мадрид.

„Со оваа инвестиција, ќе можеме да придонесеме уште повеќе за шпанската економија, да создадеме повеќе шпански работни места, да раскажеме повеќе одлични приказни создадени во Шпанија“, рече тој, стоејќи до шпанскиот премиер Педро Санчез.

Настанот ја одбележа 10-годишнината од присуството на „Netflix“ во Шпанија, објави „AFP“.

Компанијата ги отвори своите студија таму – први надвор од САД – во април 2019-та година, кратко откако постигна глобален успех со шпанската криминална серија „La Casa de Papel“. Оттогаш го трансформираше студиото од 22.000 квадратни метри во еден од своите главни локации за филмска и телевизиска продукција во Европската Унија (ЕУ).

„Netflix“ вели дека неговото работење во земјата поддржува повеќе од 20.000 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП