Сè уште имате некои од вашите стари играчки од детството низ куќата? Ако ги ископате, тие можат да бидат многу вредни, бидејќи многу од овие стари подароци за Божиќ или роденден денес можат да се продадат за добри пари, особено ако се уште се во нивното оригинално пакување.
Еве листа на играчки што денес вредат мало богатство:
Винтиџ DAM Originals од 1964 година, виолетова коса, трол: 250 долари
Инспирирани од скандинавскиот фолклор и познатата дива коса, куклите трол беа многу популарни во 1960-тите и денес можат да вредат цело богатство. Евтини имитации лесно се наоѓаат, но ако поседувате еден од поретките оригинали на DAM направени од самиот Томас Дам, би можеле да ги продадете за добра сума. Во 2021 година, еден таков модел чинеше 250 долари на eBay.

Поли Покет Луси Локет Дом од соништата: 275 долари
Мини-куќата на Поли Покет беше хит играчка кај децата ширум светот во моментот кога се појави на полиците во 1992 година. Три децении подоцна, некои колекционери со задоволство ќе платат околу 275 долари за да поседуваат своја копија.

Тамагочи Оушн: 300 долари
Децата кои пораснале во 1990-тите и 2000-тите сигурно ќе се сетат на Тамагочи – дигитални миленици на кои им било потребно постојано внимание, хранење и чистење по нив.
Со повеќе од 80 милиони продадени единици до денес, повеќето модели не вредат многу. Сепак, некои ретки примери можат да достигнат пристојна цена, како што е овој Тамагочи Оушн, кој претходно се продаваше за 300 долари.
