5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКако од обичен да се направи електричен велосипед

Како од обичен да се направи електричен велосипед

tumblr_mutf

Група млади њујоршки ентузијасти произвеле моторизирано тркало „Smart Wheel“, кое може да се вгради на кој било велосипед кој потоа
станува електричен.

Сообраќајниот метеж е голем проблем за сите поголеми градови во светот, а електричните велосипеди не се секогаш прилагодени на стандардот. Нико Клансек од „ФлајКлај“ одлучил
тоа да го промени и нашол евтин начин како обичниот велосипед да го направи електричен.

Нивното решение е „Smart Wheel“, тркало со вграден мотор со чија помош може да се постигне брзина и до 30 километри на час, а едно полнење е доволно за 50-тина километри
возење. Интересно е што тркалото се полни само кога се спуштате по надолнина.

Призводителите се надеваат дека „Smart Wheel“ ќе ги поттикне луѓето да користат велосипед, а својот производ го нарекуваат „паметен“ поради системот кој на возачите им овозможува со
сите функции да управуваат преку своите смартфони.

Со помош на апликации, велосипедистот однапред може да ја определи максималната брзина со која сака да патува, а апликацијата воедно служи и како GPS, брзиномер и систем
за заштита, кој сопственикот го информира во случај на кражба.

Производот првпат се појавил во Кикстартер минатиот месец и досега се собрани над 275.000 долари со цел да се започне со масовно производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП