Од денес невработените граѓани од Македонија ќе имаат можност да аплицираат за дел од мерките од Оперативниот план за вработување. Според информациите на Денар, целокупната документација е средена, административните процедури се завршени, и сега во Агенцијата за вработување ќе ги чекаат апликациите на невработени граѓани. Станува збор за 40 милиони евра, кои треба да се распределат на околу 16 илјади граѓани.
Што велат процедурите, кандидатите најпрво ќе треба да пополнат прашалник во Агенцијата за вработување кој соодржи одредени прашања по кои кандидатот се бодува. Втората фаза е изработка на бизнис план, и комисија од повеќе државни институции ќе треба да одлучат дали планот е конкурентен и заслужува да се поддржи со државни пари. Обврските на невработените лица кои ќе основаат сопствен бизнис преку овие мерки ќе треба две години да имаат обрт на средства преку нивната сметка. Тоа значи дека потребно е да се има економска активност и минимално што се бара тие да исплаќаат плата и придонеси за себе или ако се партнери за двајцата. Доколку тоа не е така, и нема економска активност, надлежните ќе може да го раскинат договорот и да се бараат парите да бидат вратени. Ако немаат пари да вратат се пристапува кон судска постапка и последниот збор ќе го има судот.

