5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРуска компанија ќе продава смартфон со два екрана

Руска компанија ќе продава смартфон со два екрана

yota1

Руската компанија „Yota Devices“ најави дека до крајот на овој месец ќе почне со продажба на нивниот прв паметен телефон. „YotaPhone“ ќе се нуди со два 4.3 -инчни екрани, по еден од секоја страна на уредот.

Главниот екран ќе има „LCD“ и ќе биде со резолуција HD 720p. Додека пак екранот на задната страна, пак, ќе се потпира на „eInk“ технологија. Неговата резолуција ќе биде 360х640 и под него ќе има „сензорна зона“  за управување со функциите.

Компанијата не дава конкретни причини за ваквиот модел, но смета дека двата екрани се потребни. Уредот ќе се потпира на „dual-core“ процесор од  1.7 GHz процесор, 2GB RAM меморија и 32GB меморија за складирање на податоци. Главната камера која е сместена на задната страна со „eInk“ екранот е со 13 МР. На предниот панел има 1 МР камера за видео повици.

Смартфонот располага со очекуваните модули за различни безжични конекции, вклучувајќи „LTE“. Само батеријата изгледа доста скромна, бидејќи е од 1800 mAh, што сугерира дека корисниците ќе се потпираат на „eInk“ екранот кој има многу ниска потрошувачка на енергија. Оперативниот систем е „Android 4.2.2“, а се очекува да има и дополнителен софтвер од „Yota Devices“, иако во моментов не е познато какви ќе бидат неговите способности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП