20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla најави производство на електрични камионети

Tesla најави производство на електрични камионети

tesla motorss

„Tesla Motors“ има во план на купувачите да им понуди електрични „pick-up“ камионети до 2017-та година, изјави Извршниот директор на компанија.

Елон Маск вели дека електричниот камионет ќе биде пласиран на пазарот по нивниот кросовер и „Model X“, кои се очекуваат кон крајот на 2014-та година.

Тој не соопшти повеќе детали за новиот модел, но како што кажа неговата компанија во иднина ќе се фокусира на сегментот „pick-up“ и лесни теретни возила, затоа што такви автомобили се многу застапени на американскиот пазар.

tesla motorss1

Камионетите и носат голем профит на американската автомобилска индустрија и имаат голем удел во заработката на „Ford“ и „General Motors“(GM).

Моделите, како „Ford F-150“, спаѓаат меѓу најпродаваните автомобили во САД. Во септември 2013-та година возилата од серијата „F“ на „Ford“ беа на првото место на најпродавани модели во таа земја со испорачани 60.000 примероци. Меѓу првите четири најпродавани автомобили во САД, дури три беа „pick-up“ камионети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП