7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да оставите одличен впечаток?

Како да оставите одличен впечаток?

vpechatok1

Можеби се прашувате: „Како да го контролирам моето движење, за да можам да оставам одличен впечаток?“ – еве неколку совети:

Започнете со држење на дистанца меѓу вас и другата личност со која разговарате. Ако премногу и се доближите, може да и стане незгодно, односно тоа е навлегување во туѓа територија.

Телото го свртуваме кон оној за кој сме заинтересирани. Скрстувајќи ги рацете, покажувате одбранбен (заштитнички) став, што значи „Јас сум затворена личност“, затоа потребно е да најдете некоја природна положба на рацете.

Контактот со очите е еден од најважните делови. Кога некого гледате во очи, покажувате почит и интерес за него.

Позицијата на главата е исто така многу важна. Ако ја држите исправена, покажувате доверба или авторитет, што значи „Сфати ме сериозно, она што ќе ти го кажам е многу важно“. За да покажете интерес за другиот, навалете ја главата на едната страна или другата.

Со движењето на устата, многу лесно можете да сфатите како се чувствува личноста. Ако ги превртува усните, значи дека внимателно размислува за она што сте го кажале.

Ракувањето е исклучително важно во комуникација со другите. Кога се ракувате со друг, стисокот треба да биде природен, не премногу силен, но ни премногу слаб.

Значи, држете ја главата исправена, рамењата наназад, држете дистанца, очите нека бидат вашиот сојузник во разговорот и ракувајте се.  Бидете убедлива деловна личност со авторитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП