6 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПикапот „Hyundai Tucson“ не успеа, сега доаѓа сосема нов модел

Пикапот „Hyundai Tucson“ не успеа, сега доаѓа сосема нов модел

Јужнокорејскиот автомобилски гигант „Hyundai“ официјално потврди дека развива нов пикап кој ќе се произведува во Австралија.

Најавениот модел претставува важен чекор во проширувањето на гамата на комерцијални возила на „Hyundai“.

„Santa Cruz“ не беше вистински пикап

„Hyundai Santa Cruz“, кој се појави на американскиот пазар во 2021-ва година, често беше опишуван како „Tucson“ со товарен простор.

Иако придонесе за разновидноста на понудата, многумина го критикуваа дека не ги исполнува очекувањата на традиционален пикап. Затоа „Hyundai“ сега планира нешто многу посериозно.

Нов модел во редовите на „Ford Ranger“ и „Toyota Hilux

Директорот на „Hyundai Australia“, Дон Романо, потврди за списанието „Drive“ дека е во развој сосема нов пикап со средна големина, кој директно ќе се натпреварува со модели како „Toyota Hilux“ и „Ford Ranger“.

Производство за три години

Романо вели дека производството би можело да започне во следните три години, во зависност од платформата што „Hyundai“ ќе одлучи да ја користи.

Техничките детали сè уште не се потврдени – дизел, хибриден и електричен погон се во игра.

Поради построгите еколошки прописи во Австралија, сè помала е веројатноста дека „Hyundai“ ќе ја користи истата платформа како „Kia Tasman“.

Можна соработка со ГМ

„Hyundai“ размислува и за соработка со „General Motors“, со кој веќе има стратешки договор за заеднички развој на камиони и комбиња.

Романо нагласи дека ќе ги разгледа сите достапни опции од понудата на „GM“.

Не за Америка и за Европа

Новиот пикап нема да се нуди во САД, ниту е планиран за европскиот пазар.

Фокусот е исклучиво на Азиско-пацифичкиот регион, со акцент на Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП