4 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМицкоски: Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме во првите...

Мицкоски: Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме во првите пет економии во Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска на одбележувањето 80 години постоење на Завод за статистика одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за растот на БДП споредено со другите земји од Европа, изјави:

„Па јас тоа го кажувам изминатиов период и очекувам конечно и првиот квартал од оваа година да покаже едно консолидирање, да бидеме во првите пет- шест, би рекол економии во Европа, во првиот квартал според процентот од Бруто домашниот производ на раст, да речеме би се задржал на онаа бројка што од порано ја имам комуницирано, помеѓу три- четири проценти, но да видиме деновиве, претпоставувам ќе се објави и таа бројка“, изјави премиерот Мицкоски.

Во последниот извештај на Светска банка се наведе дека Македонија годинава ќе остане закована на дното на Западен Балкан по стапката на раст на БДП со 2,6 отсто. На предпоследно место е Босна и Херцеговина со 2,7 отсто. Црна гора е некаде на средината со раст на економијата од три отсто. Со 3,2 отсто е Албанија, Србија со 3,5 отсто а Косово е на врвот со 3,8 отсто раст на БДП на крајот на 2025 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП