27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМoto G - телефон со ниска цена, но со високи перформанси

Мoto G – телефон со ниска цена, но со високи перформанси

motorola mobility

„Motorola Mobility“ постепено ја проширува својата палета на производи. Компанијата го претстави својот нов паметен телефон, кој според зборовите на Извршниот директор Денис Вудсајд, ќе биде достапен за целиот свет.

Според него просечната сума која повеќето корисници во светот може да си ја дозволат за паметен телефон е 200 долари. Повеќето паметни телефони од „high-end“, сепак чинат од 500 долари, па нагоре. Истовремено најевтините примероци сериозно отстапуваат по перформансите и не го обезбедуваат бараниот квалитет.

„Според нас половина милијарда луѓе во светот заслужува нешто подобро“, коментираше тој, цитиран од технолошкиот блог „TechCrunch“. Алтернативата се нарекува „Moto G“ и според Вудсајд овој телефон според продуктивноста ќе може да конкурира на врвните смартфони како „Samsung Galaxy S4“, иако ќе чини 179 долари во САД без договор со мобилен оператор за верзијата со 8GB меморија. Моделите со 16GB ќе чинат 199 долари.

За овие пари корисниците ќе добијат паметен телефон со 4,5- инчен екран со HD 720p резолуција и густина на пиксели 329 ppi. Процесорот е „Qualcomm Snapdragon 400“, кој работи на 1.2 GHz. RAM меморијата е од 1GB, а според „Motorola“,  „Moto G“ ќе издржи „цел ден“ со едно полнење на батеријата и ќе обезбедува околу 14 часа време за разговор преку 3G конекција.

Оперативниот систем на телефонот е „Android 4,3“, а компанијата гарантира обнова до „Android 4.4“ во јануари 2014-та година.

Во следните недели ќе започне продажбата во цела Европа, а на купувачите ќе им бидат понудени модели во 19 бои.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП