25 јуни, 2025
ПочетнаСВЕТБомбашки напад во Истанбул: Напаѓачи на мотоцикл фрлиле експлозив, неколку се повредени(ВИДЕО)

Бомбашки напад во Истанбул: Напаѓачи на мотоцикл фрлиле експлозив, неколку се повредени(ВИДЕО)

Неидентификувани напаѓачи фрлиле рачна граната во ресторан во општина Кагитане во Истанбул. Турскиот весник „Милиет“ објави дека во експлозијата се повредени седум лица, од кои тројца се во тешка состојба.

Се вели дека полицијата започнала голема операција за фаќање на напаѓачите.

Нападот се случил околу 1:30 часот по полноќ во населбата Хуриет.

Се вели дека двајца осомничени со мотоцикл без регистарски таблички пристигнале во петкатната зграда и фрлиле рачна граната врз ресторанот на вториот кат.

Бројни полициски, медицински и противпожарни екипи беа испратени на местото на нападот. Полицијата ги прегледала снимките од безбедносните камери во областа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар