5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЖените во просек работат 2,3 часа неделно повеќе од мажите

Жените во просек работат 2,3 часа неделно повеќе од мажите

zena-rabota

На жените на глобално ниво им е потешко отколку на мажите, бидејќи во просек работат два и пол часа повеќе, без разлика дали се работи за платена или неплатена работа, во споредба со мажите, се вели во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во кој земаа учество 34 земји. Бројките се разликуваат од земја до земја, па на пример Италијанките работат дури  11 часа повеќе од своите партнери, додека во Финска, Шведска, Германија и Словенија разликите се помали.

Иако поминуваат се повеќе време на платената работа, од вкупно еден час повеќе неделно, во домаќинството трошат 2,6 часа помалку во споредба со податоците од 2003. Мажите денес на работа поминуваат 4,5 часа помалку, а во домаќинството два часа повеќе од пред десет години.

Обемот на неплатена работа се зголемува по добивање на деца, и поголемиот дел од товарот паѓа на мајката, која има три часа помалку слободно време неделно од мажите, според извештајот на истражувањето. Тие тврдат дека ова е доказ за половите разлики, кои и покрај бројните промени, и понатаму постојат во човечкото општество.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП