ПочетнаАВТОБИЗНема повеќе сомнежи, доаѓа новиот „Nissan GT-R“

Нема повеќе сомнежи, доаѓа новиот „Nissan GT-R“

И покрај финансиските тешкотии и стратешкиот фокус на кросовери и теренци, „Nissan“ официјално потврди дека работи на нова генерација на легендарниот модел „GT-R“.

Значи, Годзила се враќа, но главното прашање е во каква форма.

Раководството на „Nissan“ потврди дека „GT-R“ се враќа на пазарот. Оваа објава ја коментираше и Арно Шарпентје, потпретседател за стратегија за маркетинг на производи.

„Имаме луѓе кои работат на тоа. Кога ќе се појави и како ќе изгледа, искрено не знаеме. Но, денес треба не само да изградиме спортски автомобил, туку и да го опремиме со погонскиот склоп што го замислуваме за наредните години“, изјави тој за „Auto Express“.

Новиот „GT-R“ мора „да го редефинира концептот на спортски автомобил“, како што вели Шарпентје.

„Предизвикот е огромен, без разлика дали е електричен или електрифициран, мора да остане вистински спортски автомобил. Ако завршиме со исти перформанси како електричен теренец, тоа е проблем“, објаснува тој.

„Nissan“ веќе година и пол испраќа сигнали дека следниот „GT-R“ би можел да биде целосно електричен. Концептот „Hyper Force“, супер спортски модел со неверојатни 1.341 ks, би можел да биде добра основа за новата генерација „R36“ на иконскиот модел.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП