24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен моделот SuperSport кој ќе има над 750ks

Претставен моделот SuperSport кој ќе има над 750ks

w motors

Kомпанијата „W Motors“ неодамна на саемот во Дубаи го претстави моделот „Lykan HyperSport“, а сега оваа компанија ги презентираше и првите нацрти на идниот модел „SuperSport“. Oвој модел би требало да се појави на пазарот во 2015-та година и ќе има агресивен преден дел со „LED“ светла.

Во останатите специфичности на предниот дел ги вклучуваат и масивните отвори за воздух. Како што се движиме кон задниот крај можеме да видиме отвори за вентилација на хаубата, странични додатоци од јаглеродни влакна и странични отвори за воздух.

Возилото исто така поседува и масивен заден дифузор, како и издувен систем со четири цевки. Засега нема информации за спецификациите на овој модел, но луѓето од „W Motors“ укажуваат дека овој автомобил би можел да понуди подобри перформанси од моделот „HyperSport“ кој има 3.7 литарски шестциндарски „twin-turbo“ мотор кој развива 750ks и кој го забрзува овој модел од 0 дo 100km/h зa 2.8 секунди, со можност да ја достигне максималната брзина од 385km/h.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП