Двајца вработени во израелската амбасада беа убиени во пукотница за време на настан во Музејот на еврејско наследство „Капитал“ во Вашингтон.
Маж и жена беа застрелани до смрт во областа на 3-та и F улица во северозападниот дел од градот, во близина на музејот, канцеларијата на ФБИ и канцеларијата на американскиот обвинител.
Откако бил уапсен на местото на нападот, осомничениот го признал убиството, велејќи дека го сторил тоа „за Газа“, објави ABC News.
Нападот се случил кога двајца работници си заминувале од настан во музејот. Според официјалните лица, напаѓачот пукал во нив од блиску, а жртвите, маж и жена, починале на самото место.
Една од нив била во критична состојба пред да почине во болница.
Напаѓачот се обидел да влезе во зградата на музејот откако го извршил нападот, преправајќи се дека е очевидец, но бил спречен од обезбедувањето.
Според началникот на полицијата во Вашингтон, Памела Смит, осомничениот го признал злосторството по апсењето, а за време на сослушувањето рекол дека пукал „за Палестина“.
Тој објасни и каде го оставил оружјето, кое подоцна било пронајдено и конфискувано.
ФБИ и локалната полиција спроведуваат истрага и го испрашуваат осомничениот, а според првичните информации, се верува дека станува збор за „целен напад“.