Во рамките на „Шп-арт-клуб“ и платформата за општествена одговорност Sparkasse LIFE, Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ објавуваат:
КОНКУРС за млади сликари 2025
Шпаркасе Банка АД Скопје ги повикува младите уметници од државата, на возраст од 18 до 26 години, да бидат дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Колонијата ќе се одржи во Вевчани и ќе трае од 21.6.2025 до 1.7.2025 година.
Темата на конкурсот е „Безвременски траги“.
Од 20.5.2025 до 30.5.2025, сите заинтересирани млади уметници можат да се пријават преку пополнување на пријавниот формулар на следниот линк и праќање на фотографија од едно свое уметничко дело во акрилна техника на: communication@sparkasse.mk со наслов „Пријава за конкурс: Млади уметници – Вевчански видувања“.
По завршувањето на конкурсот, стручното жири ќе избере 10 финалисти, кои ќе имаат уникатна можност да престојуваат 5 дена во Вевчани, од 22 до 27 јуни 2025. Сите трошоци за престој и превоз, како и потребниот сликарски материјал, ќе ги обезбеди Шпаркасе Банка.
„Веруваме дека младите уметници се носители на новата креативна енергија што го обликува нашето општество. Преку платформата Sparkasse Life, нашата мисија е да инвестираме во нивниот развој, да ги поддржиме нивните визии и да им отвориме врати кон поширока културна сцена. Со колонијата ‘Вевчански видувања’, ја продлабочуваме нашата посветеност кон локалната заедница, но и ја праќаме пораката дека уметноста и младите заслужуваат вистинска поддршка и простор за изразување. Шпаркасе Банка е тука да биде нивен партнер на тој пат“, изјави Ивана Петревска, директор на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
Работата со млади, амбициозни и талентирани уметници штоимаат големи соништа е чест и задоволство. Овие поединци, со својата страст и креативност, ја креираат суштината на духот на нашата нација. Младите визионери ја обликуваат иднината преку својата смела визија и верба во она што допрва доаѓа.
Учеството во овој проект не нуди само инспирација и простор за изразување, туку и можност за учење нови сликарски техники, добивање менторство од истакнати уметници, дружење со креативни врсници и откривање на природната и на културната убавина на Вевчани. Тоа е искуство што ги зближува луѓето, ја поттикнува креативноста и остава траен печат – и во уметноста и во срцето.
Не пропуштај ја оваа шанса – пријави се и стани дел од оваа креативна авантура!
#ВерувајВоИднината