Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2025 година изнесува 63 908,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 год. која изнесува 62 691,00 денари е зголемена за 1 217,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 79 283,00 денари.
Според пресметката на синдикалците за храна и пијалаци се потребни 22 400 денари. За облека и обувки 5 600 денари. За сметки потребни се нешто над 6000 илјади денари. За производи за лична хигиена и за одржување на хигиена во домот се потребни 2 600 денари. Синдикалците пресметале дека за здравствени услуги и тоа најосновните за четири члено семејство се потребни 1 200 денари. За транспорт и тоа јавен, автобуа или воз нешто над 4 500 денари. За комуникации се потребни 3 400 денари. За рекреација и култура на едно четири члено семејство се потребни 5 600 денари. По храната најголем втор трошок на семејствата се оние за образование кои надминуваат 7 илјади денари. За угостителски услуги, односно за ресторани и хотели на граѓаните им се потребни над 4 илјади денари на месечно ниво. Останати стоки и услуги 1 100 денари.
Кај храната и пијалоци во Синдикалната минимална кошница кој за мај 2025 изнесува 22.434,00 денари споредено со април 2025 година 21 480,00 денари е зголемена за 954,00 денари.
И покрај овие податоци, надлежните од владата велат дека засега не е потрбно носење на нови мерки бидејќи цените на храната не се зголемени.
И.П