Секој пат кога симптомот ќе се смирел, таа престануваше да размислува за тоа.
Многумина од нас повремено бараат симптоми на интернет, убедени дека зад секоја болест лежи најлошото. Но, исто толку често се случува и спротивното – го игнорираме она што изгледа благо, верувајќи дека е нешто безопасно, особено ако инаку се чувствуваме добро.
Ова е она што ѝ се случило на Кристал, жена на која ѝ беше дијагностициран рак на дебелото црево во 2022 година – речиси десет години откако првпат забележала еден од симптомите. Во разговор за „The Patient Story“, таа ја сподели својата приказна, велејќи дека првите симптоми се појавиле во 2012 година. Тогаш забележала крв во столицата, но тоа била само привремена загриженост.
„Тука беше неколку дена, а потоа исчезнуваше. Кога ги барав симптомите на Google, сè и сешто се појавуваше – од хемороиди до рак. Секогаш претпоставував дека е нешто безопасно. Мислев дека нема шанси да е рак“, се присети таа.
Секој пат кога симптомот ќе се смиреше, таа престануваше да размислува за тоа. Дури и кога нејзиниот лекар ѝ предложил колоноскопија, таа не ја направила бидејќи подготовката за прегледот ѝ предизвикала нервоза. Таа не закажала нов состанок – и продолжила да го игнорира проблемот.
Со текот на годините, симптомите се враќале повремено, но никогаш толку интензивно за да предизвикаат сериозна реакција. Но, во 2022 година, таа почнала да чувствува силна болка во долниот дел на стомакот. На почетокот, таа мислела дека се слични на менструалните грчеви, само посилни. Таа дури отишла и во итната помош, но кога болката се смирила, се вратила дома.
Набрзо следеле чести инфекции на уринарниот тракт. Урината имала силен и непријатен мирис, а антибиотиците делувале само привремено – инфекциите се враќале на секои две до три недели.
Кога терапијата повеќе не била ефикасна, таа одлучила да направи компјутерска томографија. Скенирањето открило абнормалност која барало понатамошно тестирање. Кратко потоа, дијагнозата беше потврдена – рак на дебелото црево. Болеста била во напредна фаза, а туморот притискал на мочниот меур.
По дијагнозата, Кристал била подложена на тежок третман – неколку операции, хемотерапија и на крајот отстранување на мочниот меур. Иако патот бил тежок, таа истакнува дека најголема поддршка ѝ била близината на луѓето кои ја сакале и не се откажале од неа. „Немаше да поминам низ сето ова ако не им дозволев на луѓето да бидат тука за мене“, рече таа.