19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAndroid достигна рекордни 81 проценти на пазарот на смартфони

Android достигна рекордни 81 проценти на пазарот на смартфони

android kral

Оперативниот систем на „Google“- „Android“ достигна до 81 процент во уделот на пазарот на паметни телефони во третиот квартал на 2013-та година.

На втората позиција е „iOS“ со 12.9 проценти, а зад неа се „Windows Phone“ со 3.6 и „BlackBarry“ со 1.7 проценти. Податоците се на консултантската компанија „IDC“ која проценува дека бројот на испораките на телефоните со „Android“ на глобално ниво достигна 211.6 милиони примероци. Статистички гледано, тоа значи дека со оперативниот систем на најголемиот пребарувач во светот функционираат четири од секои пет смартфони. Вкупно испорачани мобилни уреди за последниот квартал е 261.1 милиони. „Android“ за прв пат надминува 80 проценти.

Податоците на „IDC“ покажуваат дека додека „Android“ се движи напред, на конкурентите им е тешко да си го најдат местото на пазарот. „Samsung“ има заслуга за 39.9 проценти од сите испораки на „Android“ во овој квартал.

Оперативниот систем на „Apple“ бележи пад во уделот на пазарот, иако достигна највисоки вредности за третиот квартал. Според аналитичката компанија причината за падот е застојот во очекување на новите модели „iPhone 5s“ и „iPhone 5c“ кои најверојатно ќе придонесат за рекордни количини во четвртиот квартал.

„Windows“ забележува рекорден раст во споредба со истиот период минатата година, благодарение најмногу на „Nokia“. „BlackBerry“ од своја страна има најголем пад за една година меѓу водечките компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП