9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако да ја намалите емисијата на штетни гасови?

Како да ја намалите емисијата на штетни гасови?

ispusni-plinovi1

Во последно време се почесто се зборува за тоа како треба да се грижиме за животната средина и да почне да се работи на тоа како да се намали количината на ѓубре, која секој ден се повеќе влијае на околината. Покрај тоа, се повеќе се зборува и за тоа како би требало да се најде начин да се намали емисијата на штетни гасови од автомобилите. Доколку не сте сигурни, еве неколку совети кои и тоа како ќе ви помогнат во тоа.

Возете „зелен“ автомобил.

Кај купувањето на нов или половен автомобил, обидете се да го одберете оној кој има подобри перформанси кога станува збор за емисијата на штетни гасови.

Проверете ги гумите.

Всушност се покажа дека точниот притисок во гумите и нивната добра состојба можат многу да помогнат во намалувањето на потрошувачката на горивото, што пред се резултира со намалувањето на емисијата на штетни гасови.

Возете со идентичен ритам.

Што се однесува до сопирањето, внимавајте тоа да не биде одеднаш, затоа што може да придонесе за потрошување и на повеќе од 30 проценти гориво. Обидете се да возите цивилизирано и без поголеми отстапувања.

Користете го одговарачкиот степен на пренос.

Колку побргу постигнете да префрлите во највисок степен на пренос, така би го намалиле бројот на вртежи и така ќе потрошите помалку гориво.

Отстранете го „вишокот на килограми“.

Сите автомобили кои се лесни трошат помалку гориво и поради тоа имаат помала емисија на штетни гасови. Што се однесува до дополнителната опрема, како што се носачите за скии, настојувате да ја користите се помалку.

Планирајте го патот.

Испланирајте го својот пат така што добро ќе размислите колку побрзо да дојдете до посакуваната дестинација и да неморате многу да кружите. Така најдобро ќе заштедите гориво, а со тоа и на емисијата на штетни гасови.

Исклучете го моторот.

Обидете се додека чекате во метеж да го исклучите моторот. На тој начин ќе ја намалите големата емисија на „CO2“.

Отворете ги прозорите.

Обидете се што е можно помалку да го користите клима-уредот, затоа што на тој начин ќе ја намалите потрошувачката на гориво.

Пешачете до продавница.

Знаеме дека луѓето многу сакаат да ги возат своите автомобили, но доколку пешачите или со велосипед заминете до продавница, со тоа ќе му помогнете и на вашето здравје. И околината ќе го цени тоа што го користите „сопствениот мотор“.

Возете се во друштво.

Доколку сте во можност, придружете се или земете некој колега, пријател или сосед во секојдневното возење на работа. Така ќе заштедите на пари, емисијата на штетни гасови, а може дури и да уживате во друштво.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП