12 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗЛиста на најдобри половни автомобили до 10 години – на листата не...

Листа на најдобри половни автомобили до 10 години – на листата не се ниту BMW ниту Audi

Експертите составија листа на најсигурни половни автомобили стари помеѓу 5 и 10 години.

Купувањето нов автомобил е огромен товар за домашниот буџет, па затоа половните автомобили се единствената можна опција за повеќето луѓе. Сепак, не сите половни возила на пазарот се подеднакво добри за купување, не само поради потенцијално вратената километража, туку и поради фактот што некои веќе не се толку сигурни по само неколку години возење.

За да ги спасат купувачите од потенцијално лошо куповање, експертите составија список на најсигурни половни автомобили стари помеѓу 5 и 10 години, со кои сопствениците немале ниту еден проблем за време на користењето во претходните 12 месеци. Кој производител е на самиот врв на списокот, а кој е на дното?

Топ 5 најсигурни автомобили

Самиот врв на рејтингот го зазедоа автомобилите произведени од Lexus, кои собраа вкупно 81 од 100 поени, додека второто место ѝ припадна на Toyota, со 74 поени. „Бронзата“ ја зеде Mazda, додека веднаш зад неа на листата на најсигурни производители е Honda. Јапонскиот Acura го затвори ТОП 5 од овој рејтинг со солидни 55 од максималните 100 поени.

Buick, Volvo, Nissan, Subaru и Cadilac исто така беа на листата на сигурни возила, додека Mercedes-Benz не успеа да се пласира во ТОП 10, заземајќи само 11-то место. Вториот најомилен „германски“ автомобил – BMW, кој успеа да собере само 45 од 100 поени, се покажа како нешто помалку сигурен. Audi е на 14-то место, додека Tesla е веднаш подолу.

Lexus и Toyota имаат долга историја

Познавачите на автомобили веројатно воопшто не се изненадени од ваквиот ранг, имајќи предвид дека производители како Lexus и Toyota имаат долга историја во која континуирано инвестираат во модернизација на своите модели, наместо повремено да воведуваат нови автомобили со сомнителни перформанси и параметри што влијаат на сигурноста.

„Нашите податоци постојано покажуваат дека во текот на долг временски период, возилата на овие брендови се препознаваат како сигурни не само кога се нови, туку и по неколку години употреба“, рече Стивен Елек, експерт за автомобили од компанијата Consumer Reports, како што објави порталот Visual Capitalist.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП