Според пресметките на Државниот завод за статистиа, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2025 година, во однос на март 2025 година, изнесува 0.6 %.
Зголемувањето на инфлацијата во април 2025 година, во однос на март 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.1 %, Облека и обувки за 1.5 %, Рекреација и култура за 1.4 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Здравје за 0.4 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %.
Во април 2025 година, во однос на март 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во април 2025 година во однос на март 2025 година изнесува 101.6.
Индексот на трошоците на животот во април 2025 година, во однос на април 2024 година, бележи зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.7 %.