6 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle изненади со изгледот на новиот Android: доаѓа најголемиот редизајн досега

Google изненади со изгледот на новиот Android: доаѓа најголемиот редизајн досега

Google по грешка го откри новиот дизајн на Android системот прерано преку својот официјален блог, иако објавата набрзо беше отстранета, сликите и информациите веќе стигнаа до јавноста. Новиот изглед, наречен Material 3 Expressive, ги носи најсмелите промени во дизајнот на интерфејсот и работната средина на Android во последниве години.

Според информациите што се појавија, Material 3 Expressive нагласува експресивност, емоција и интуитивност во корисничкиот интерфејс. Со користење на бои, форми, големини и анимации, Google сака да создаде визуелно побогат и во исто време полесен за користење систем кој работи подеднакво добро и со помлади и со постари корисници.

Една од клучните иновации е способноста на системот да го „фокусира вниманието на корисникот“. Според тестовите на повеќе од 18.000 корисници ширум светот, новиот дизајн овозможува важни елементи (како што се копчињата и функциите) да се пронајдат до четири пати побрзо во споредба со претходната верзија на дизајнот.

На пример, во апликацијата Gmail, копчето „Send“ сега е преместено од долниот агол на јасно видливо место над полето за внесување, со поголеми димензии и поизразена боја. Слични промени се очекуваат и кај други апликации како што се часовникот, гласовното пребарување, уредникот на фотографии и Google Pay.

Иако оригиналната статија беше веднаш избришана, се очекува Google официјално да го претстави Material 3 Expressive на својата I/O конференција кон крајот на мај, кога треба да биде објавен датумот кога дизајнот ќе стане достапен за корисниците ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП