3 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТРАМП ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА „Нема инфлација, намалете ги каматните стапки“

ТРАМП ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА „Нема инфлација, намалете ги каматните стапки“

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повторно ги повика Федералните резерви на САД (ФЕД) да ги намалат каматните стапки откако утрово беше објавен извештајот за вработеноста во април, кој беше подобар од очекуваното.

Бензинот штотуку надмина 1,98 долари за галон, најниската цена со години, цените на прехранбените производи се намалени, цените на енергијата се намалени, каматните стапки на хипотеките се намалени, вработеноста е силна и уште многу добри вести, бидејќи милијарди долари доаѓаат од царините – рече Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој подвлече дека ова е „транзициска фаза“ и дека „токму сега почнува“.

Потрошувачите со години чекаат цените да се намалат. Нема инфлација, ФЕД треба да ја намали каматната стапка – рече американскиот претседател.

Извештајот за вработеноста покажа дека работодавците додале 177.000 работни места минатиот месец, во споредба со 135.000 што ги очекуваа економистите.

Федералните резерви се соочуваат со дилема дали да ги намалат каматните стапки додека инфлацијата останува над целта од 2 проценти или да ги зголемат за да се подготват за инфлациското влијание на царините на Трамп, објави Си-Ен-Ен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП