Стопанска банка АД – Скопје во првиотквартал од 2025 година продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност.
Нето-приходите од камати изнесуваат 1.459.364 илјади денари и се намалени за 7 % во однос на истиот период од минатата година како резултат на намалените каматни стапки, но се поголеми од буџетираните за 2 %.
Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 195.690 илјади денари и се намалени за 8 % во однос на анализираниот период во 2024 година, како резултат на зголемените расходи од провизии кои ги наплатуваат добавувачите на соодветните сервиси.
Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 58.657 илјади денари и се зголемени за 91 % во однос на анализираниот период од минатата година како резултат на зголемениот обем на активности.
Останатите приходи од дејноста изнесуваат 163.520 илјади денари.
И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето. Притоа, останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 265.015 илјади денари и 312.306 илјади денари респективно и се за 9 % повисоки во однос на истиот период од претходната година.
Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управувањето со кредитниот ризик е во приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на првиот квартал од 2025 година, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нетооснова, во износ од 256.113 илјади денари.
Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 1.236.806 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 31.03.2025 година изнесува 980.693 илјади денари и е за 2 % повисока во однос на
истиот период од минатата година.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.