“Поразителните резултати од извештајот на Светска банка за Македонија е резултат на непосветеноста на владата на полето на економијата, велат од опозициската СДСМ. Никој не може да е виновен освен креаторите на политикките, велат опозиционерите”. За експертите ова е доказ дека традицијатга на слаба реализаци на капиталните инвестиции продолжува и годинава и дека и натаму Македонија нема стратегија како да се равива.
Тоа што растот на македонската економија е проектиран на најниско ниво во рфегионот е потврда која ја зборува и предупредува опозицијата веќе неколку месеци. Македонската економија е во слободен пад, велат од СДСМ. Тие уверуваат дека на владата и понудиле неколку предлози како конструктивен партнер во развојот на оваа земја, но владата не ги прифатила. Сега велат за ваквиот резултат одговорни се само актуелните креатори на политиките.
„СДСМ со месеци дава конкретни предлози и закони со кои ќе се раздвижи економијата и ќе се зголемат платите, но власта е глува. Со месеци предупредувавме дека економијата тоне, а денес таа потврда стигна и од проекциите на Светската банка. Македонија, за жал, оваа година ќе биде со најмал економски раст во регионот. Владата ветуваше дека ќе бидеме лидери во регионот, но очигледно ќе бидеме последни. Ова е резултат на погрешни економски политики, но и целосна негрижа за граѓаните“, велат од СДСМ.
Многу повеќе се очекуваше од оваа влада во делот на економијата. Се почестото фалење дека се работи на терен, дека градат патишта и останата инфраструктура, дека во Македонија влегуваат странски инвестиции, дека се отвораат нови работни места, дека растат платите, се тоа паѓа во вода кога ќе се видат овие предвидувања на Светска банка.
Вака економистот Абил Бауш ги анализира состојбите со македонската економија, и причините за лошите резултати од извештајот на Светска банка за економијата на земјава.
„Кај нас веќе стана традиција да се потфрла кога станува збор реализација на капитални инвестиции, а тие се битни во процесот на раст на стапката на економијата. Не знам која е причината што ние немаме стратегија каде да инвеститраме капитално, како што тоа го прават земјите во развој. Ако ги гледате соседите, не мора да одиме подалеку, и нивниот раст на економиите ќе видите дека има еден фактор што претставува интегративниот дел на човечкиот потенцијал, инвестиции во инфраструктура, инвестиции во стартап и така натаму. Тоа кај нас го нема. Ние остануваме со популизам, вработување во администрација или капитални инвестиции кои се влечат со декади и нема корист од нив“, вели економистот Абил Бауш.
Во извештајот на Светска банка се наведува дека Македонија годинава ќе остане закована на дното на Западен Балкан по стапката на раст на БДП со 2,6 отсто. На предпоследно место е Босна и Херцеговина со 2,7 отсто. Црна гора е некаде на средината со раст на економијата од три отсто. Со 3,2 отсто е Албанија, Србија со 3,5 отсто а Косово е на врвот со 3,8 отсто раст на БДП на крајот на 2025 година.
И.П