26 април, 2025
ПочетнаСВЕТТрамп: Блиску сме до мировен договор. Украина доцни со важниот договор, го...

Трамп: Блиску сме до мировен договор. Украина доцни со важниот договор, го сакам веднаш

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на својата мрежа Truth Social дека Украина доцни со потпишувањето на договорот за минерали.

„Украина, предводена од Володимир Зеленски, сè уште не ги потпишала конечните документи за многу важниот договор за ретки земни елементи со Соединетите Американски Држави. Доцнењето е веќе најмалку три недели. Се надеваме дека договорот ќе биде потпишан одма. Работата на општиот мировен договор меѓу Русија и Украина оди непречено. Успехот е на повидок!“, напиша тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Русија и Украина се приближуваат кон мировен договор, повикувајќи ги двете страни да се сретнат на разговори на „многу високо ниво“ за да се финализира договорот.

„Тие се многу блиску до договор и двете страни сега треба да се сретнат, на многу високо ниво, за да го „заклучат“, напиша Трамп доцна во петокот на својата платформа Truth Social, кратко по слетувањето во Рим, каде што треба да присуствува на погребот на Папата во сабота.

Тој додаде дека „повеќето од главните точки се договорени“.

„Стоп на крвопролевањето, сега. Ќе бидеме каде и да е потребно за да помогнеме во завршувањето на оваа сурова и бесмислена војна!“, напиша американскиот претседател.

Трамп рече дека ова бил „добар ден“ на разговори и средби со Русија и Украина.

Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф повторно се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва во петокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП