5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВо светот има 6.6 милијарди активни SIM картички

Во светот има 6.6 милијарди активни SIM картички

simcards-gsm

Анализата на пазарот на моблини телефони покажува дека има повеќе од 6.6 милијарди активни „SIM“ картички. Исто така во неа се наведува дека станува збор за 4.5 милијарди корисници, при што многу од нив имаат повеќе од една активна „SIM“ картичка и тоа воглавном од две или три мобилни мрежи.

Според просторната распространетост најмногу корисници има во азиско-пацифичкиот регион, без Кина и Индија, каде има 1.3 милијарди корисници. Следува Кина со 1.2 милијарди корисници, Африка со 803 милиони и Индија со 742 милиони корисници. Во Јужна Америка оваа бројка изнесува 697 милиони, додека во Средна и Источна Европа има 598 милиони корисници. Западна Европа има 521 милион корисници, додека на последните две места се најдоа Северна Америка со 361 милиони корисници и Блискиот Исток со 354 милиони.

Кога станува збор за заситеноста на пазарот, со што се покажува и можниот раст, најмногу заситено е во Средна и Источна Европа со 139 проценти, потоа следат Западна Европа со 125 проценти, Јужна Америка со 114 проценти, Блискиот Исток со 104 проценти, азиско-пацифичкиот регион без Кина и Индија со 103 проценти и Северна Америка со 102 проценти. Најголемите пазари како Кина, Африка и Индија не се толку заситени и процентот во овие земји е помал од 100 проценти. Вкупната глобална заситеност на пазарот е проценета на 92 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП