26 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„iPhone“ од Индија – оригинал американски

„iPhone“ од Индија – оригинал американски

Американската технолошка компанија „Apple“ планира да го премести производството на сите „iPhone“ модели за американскиот пазар во Индија до крајот на следната година.

„Apple“ претходно се обидуваше да ги диверзифицира своите синџири на снабдување, но сега има намера да го забрза овој процес, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Компанијата од Купертино сака да го забрза излегувањето од Кина за да ги ублажи ризиците што произлегуваат од царините и геополитичките тензии.

Во пракса, ова значи дека „Apple“ би морал приближно да го удвои годишното производство на „iPhone“ во Индија на повеќе од 80 милиони единици, додадоа изворите.

Компанијата продава повеќе од 60 милиони единици годишно во Соединетите Американски Држави, што претставува приближно 28 проценти од нејзината глобална продажба.

Агенцијата од Њујорк претходно овој месец објави дека „ Apple“  произвела „iPhone“ во вредност од 22 милијарди долари во фискалната година што завршува во март 2025-та година, што е зголемување од речиси 60 проценти во однос на претходната фискална година.

„Apple“ моментално произведува една петтина од сите свои „iPhone“ уреди во Индија, но Кина останува нивна најголема производствена база.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП