25 април, 2025
ПочетнаСВЕТЛавров: Русија е подготвена за договор со Украина

Лавров: Русија е подготвена за договор со Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, со право верува дека преговорите за украинската криза се движат во вистинската насока, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за Си-Би-Ес.

-Москва е подготвена за договор, но постојат одредени елементи што треба да се финализираат. Токму на ова работиме сега – рече тој.

Според него, постојат неколку знаци дека има напредок во процесот на решавање на украинската криза.

Во извадоци од интервјуто, кои ќе бидат објавени во целост во недела, Лавров изјави дека Трамп е веројатно единствениот лидер во светот кој разбира дека е потребно да се елиминираат корените на украинската криза.

Министерот додаде дека американскиот претседател, меѓу другото, разбира дека влезот на Украина во НАТО е неприфатлив за Русија.

Рускиот дипломат, исто така, ги отфрли обвинувањата дека руските сили наводно таргетираат цивилни цели во Украина.

-Ние таргетираме само воени објекти. Или цивилни објекти што ги користи армијата… Ако целите ги користела украинската армија, министерот за одбрана и командата на терен имаат право да ги нападнат – објасни Лавров.

Тој иронично одговори на прашањето на американски ТВ водител за претстојната посета на Москва од страна на специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф.

-Не му верувате ли на претседателот на Соединетите Американски Држави?, праша Лавров.

Трамп претходно изрази надеж дека оваа недела ќе биде постигнат договор за регулирање на ситуацијата во Украина. Тој во среда изјави дека самиот ги поставил роковите за учество во преговорите за мирно решение на украинскиот конфликт, но не ги откри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП