17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКен Блок во нова авантура со Ford Fiesta (видео)

Кен Блок во нова авантура со Ford Fiesta (видео)

ken blok

Веќе некое време не пристигнуваа вести за Кен Блок, а тоа значеше само едно, дека во подготовка е новото, шестото по ред „Gymkhanа“ видео.

За фановите на познатите пролизгувања на Кен Блок, чекањето заврши. Пред нас е новото видео, а за разлика од претходните, кога за терен за адреналинското возење му послужија улиците на Сан Франциско, овојпат патеката е креирана на специјален полигон на аеродромска писта.

Иако првиот впечаток е дека на Блок му недостасува инспирација за неговите акробации, возбудата не недостасува.

Употребени се мотиви од видео-играта „Need For Speed Rival“, a меѓу пречките се најдоа бродски контејнери, багери, два модели „Aventador“ и две „Segway“ возила.

И овојпат Блок остана верен на тркачката „Ford Fiestа“. Моделот „ST RX43“ има мотор со монструозни 650 ks и 880 Nm максимален вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП