Конечно имаме временска рамка во која можеме да го очекуваме следниот „Nothing Phone“.
Компанијата „Nothing“ веќе ги лансираше моделите „Phone (3a)“ и „Phone (3a) Pro“ оваа година, а ако се прашувате каде е „Phone (3)“ – не грижете се, тој доаѓа.
Карл Пеи, основач и извршен директор на „Nothing“, потврди кога можеме да го очекуваме телефонот. Тој истакна на платформата „X“ дека „Nothing Phone (3)“ ќе биде лансиран помеѓу јули и септември, во текот на првиот квартал од оваа година.
„Nothing“ не ја прескокна најавата за нејзиниот водечки телефон минатата година, а „Nothing Phone (2“) беше објавен во јули 2023-та година. Интересно е што „Nothing Phone (1)“ исто така беше најавен во јули 2022-ра година.
Затоа, не би било чудно доколку „Nothing Phone (3“) биде лансиран и во јули оваа година. Засега нема информации за спецификациите за „Nothing Phone (3)“.