21 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„iPhone“ се сопна, „Xiaomi“ е во „рајот“

„iPhone“ се сопна, „Xiaomi“ е во „рајот“

„Apple“ веќе не е недопирлив на пазарот на паметни телефони во Кина.

Според „IDC“, испораките на „iPhone“ уреди во првиот квартал од 2025-та година паднале за 9% во споредба со истиот период минатата година. Дополнително, „Apple“ е единствениот голем производител кој забележа пад на тој пазар.

Со испорачани 9,8 милиони уреди и пазарен удел од 13,7% (во споредба со минатогодишните 17,4%), „Apple“ сега е на петтото место во Кина.

Ова е седми последователен квартал со пад на продажбата – уште еден, а „Apple“ ќе има цели две години негативни трендови, пренесува „Phone Arena“.

За тоа време, на некои им оди одлично. Според тоа, „Xiaomi“ забележа раст од дури 40%, бидејќи испорача 13,3 милиони телефони во текот на споменатиот квартал. Вкупниот пазар на паметни телефони во Кина забележа раст од 3,3%.

Една од причините за падот на „Apple“ е неговата цена – уредите над 6.000 јуани (околу 800 евра) не се покриени со новите кинески субвенции кои враќаат 15% од вредноста за поевтини уреди.

На овој начин, „Xiaomi“ и другите „играчи“ можат полесно да допрат до корисниците кои бараат добар сооднос цена-квалитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП