16 април, 2025
ПочетнаСВЕТСЗО постигна договор за идни пандемии, САД ги напуштија разговорите

СЗО постигна договор за идни пандемии, САД ги напуштија разговорите

Правно обврзувачкиот договор на СЗО има за цел да ја зајакне светската одбрана од новите патогени откако пандемијата „Ковид-19“ уби милиони луѓе во 2020-2022 година.

Членовите на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за подготовка на светот за идни пандемии по повеќе од три години преговори, соопштено е во средата наутро.

Предлогот ги наведува мерките за спречување идни пандемии и зајакнување на глобалната соработка. Ова вклучува, меѓу другото, воспоставување пристап до патогени, системи за споделување информации и градење на истражувачки капацитети во различни делови на светот.

Договорот, исто така, предлага глобален синџир на снабдување и логистичка мрежа со акцент на поголема отпорност и подготвеност на здравствениот систем.

„По повеќе од три години интензивни преговори, земјите-членки на СЗО направија голем чекор напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии“, се вели во соопштението на здравственото тело.

САД ги напуштија разговорите

Договорот нашироко се смета за победа на глобалната здравствена агенција, во време кога мултилатералните организации како СЗО се погодени од остри кратења на странското финансирање од САД.

Соединетите држави, кои се приклучија на раните преговори, ги напуштија разговорите оваа година откако новиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба во февруари за повлекување на САД од СЗО и од преговорите.

Предлогот ќе биде разгледан на состанокот за политика на Светското здравствено собрание во мај, соопшти СЗО.

„Ова е историски момент и покажува дека со или без САД, земјите се посветени на соработка и моќта на мултилатерализмот“, изјави за Ројтерс Нина Швалбе, основач на глобалниот здравствен тинк-тенк Spark Street Advisors.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП