Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека може да и додели на автомобилската индустрија привремено ослободување од тарифите што ги воведе претходно, за да им даде време на производителите да ги прилагодат синџирите на снабдување.
-Размислувам нешто да им помогнам на некои автомобилски компании. „Им треба малку време бидејќи ќе произведуваат овде, но мора да преселат погони од Канада, Мексико и други места“, рече Трамп во Овалната соба.
Претседателот на Американскиот совет за автомобилска политика, Мет Блант, чија организација ги претставува Ford, General Motors и Stellantis, рече дека ги споделуваат целите на Трамп за зголемување на домашното производство. Но, тој предупреди дека широките тарифи за делови може да ги поткопаат тие цели бидејќи е потребно време да се прилагоди.
Трамп најави царини од 25 отсто за автомобилите на крајот на март, нарекувајќи ги „трајни“, но сега сè повеќе ги повлекува и ги ревидира своите мерки за ублажување на политичките и економските последици. Минатата недела, на пример, тој објави дека пошироките тарифи за десетици земји ќе бидат намалени на 10% во текот на 90 дена за преговори, а во исто време ги зголеми тарифите за кинеските производи на 145%, но привремено ќе ги ослободи електрониката и опремата како iPhone, за кои примени стапка од 20%.
„Не се предомислувам, но флексибилен сум“, рече Трамп.