4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОсновни особини на претприемачот

Основни особини на претприемачот

pretprimach1

Покрај негативните последици кои ги имаше рецесијата врз бројот на работните места, куповната моќ, стандардот на животот, сепак во светот се појави еден тренд – тренд на претприемништвото.

Едно од најчесто поставуваните прашања од лицата кои сакаат да станат претприемачи се однесува на финансиите или како да обезбедат почетен капитал. Секако, добрата идеја и изворот на финансии се многу важни, но се ќе биде залудно ако не ги поседувате овие три особини:

1. Добар организатор

Поточно, способноста да ја препознаете потребата за организација, дури и да не сте личност задолжена за организација. Запомнете, организација не е исто со уредност. Чист и уреден работен простор не е индикатор за успех, ниту пак значи дека сте добар бизнис организатор.

2. Способност да комуницирате со оние околу вас

Комуникацијата е многу важна за пријателските и љубовните односи, но и светот на бизнисот не е различно. Многу е лесно да ги обвинувате вработените, но запомнете дека скоро секогаш вината е кај шефот. Секој добар организатор и лидер мора да биде и добар психолог.

3. Признавањето на грешките е составен дел од успехот

Звучи многу едноставно теоретски, но праксата покажува дека оваа лекција за сите претприемачи е најтешка. Во работата многу често се случува да се соочите со неуспех. Најлошо опкружување кое што можете да го создадете е стравот од грешки во својата фирма. На тој начин, никогаш нема да добиете повратна информација од своите вработени. Запомнете дека многу успешни луѓе имале лоши почетоци, меѓу нив се Бил Гејтс, Марк Цукерберг и Стив Џобс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП