16 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИApple со авиони итно пренесува 600 тони iPhone-и во Америка: Се обидуваат...

Apple со авиони итно пренесува 600 тони iPhone-и во Америка: Се обидуваат да направат залихи

Технолошкиот гигант Apple изнајми карго летови за транспорт на 600 тони iPhone-и, или 1,5 милиони уреди, од Индија во САД за да го спречи влијанието на тарифите објавени од претседателот Доналд Трамп, велат изворите.

Apple се обидува да ги складира овие уреди во Америка пред тие да станат предмет на тарифи, бидејќи тие се произведуваат во странство. САД се еден од најголемите пазари за овие паметни телефони.

Аналитичарите предупредија дека цените на „iPhone-ите“ во САД може да се зголемат, имајќи ја предвид големата зависност на Apple од увозот од Кина, главниот производствен центар на овие уреди.

„iPhone-ите“ спаѓаат под највисоката тарифа што Трамп ја постави за Кина – дури 125 проценти. За увоз од Индија е поставена тарифа од 26 отсто, но таа во моментов е суспендирана на 90 дена.

„Apple“ брзо го зголеми производството на мобилни телефони во Индија и лобираше до властите на индискиот аеродром да го намалат времето потребно за царинење на аеродромот во Ченаи на шест часа од вообичаените 30 часа, рече изворот.

Тежината на пакувањето „iPhone 14“ и неговиот кабел за полнење достигнува околу 350 грама, според мерењата на Ројтерс, што укажува дека вкупниот товар на авион од 600 тони е еквивалентен на количина од околу 1,5 милиони мобилни телефони, пишува Reuters.

Со тарифна стапка од 54 отсто, цената на топ моделот „iPhone 16 Pro Max“ во САД би се зголемила од 1.599 на 2.300 долари. Во меѓувреме, Трамп најави царина од 125 отсто за Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП