ЕВН Македонија заедно со Корисничкиот енерго центар на Електродистрибуција во Штип, реализираа волонтерска акција за садење на 300 садници во општина Лозово, како резултат на долгогодишната посветеност кон одржливиот развој и заштитата на животната средина.

Во рамки на проектот за волонтирање на ЕВН, групата од 14 волонтери заедно со општинските претставници работниот ден го посветија на пошумување на одредени локации. Со оваа акција се придонесе кон позелено и почисто Лозово, а со тоа и подобар квалитет на живот на населението во подолг рок.



