3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигнува помоќен Peugeot 208

Пристигнува помоќен Peugeot 208

peugeottea

Моделот „GTi“ најверојатно нема уште долго да биде на врвот во гамата 208. Според најновите вести, „Peugeot“ има во план на купувачите да им понуди уште помоќен модел – 208 R.

Во разговор за „Automotive News“, извршниот директор на францускиот производител, Максим Пикат, најави продукциски модел „Peugeot 208 R“. Пикат не откри повеќе детали, освен информацијата дека овој автомобил ќе биде помоќен од 208 GTi.

Се претпоставува дека „Peugeot“ ќе примени слична формула како и кај моделот „RCZ R“ – повеќе „коња“ во полесна каросерија. Со оглед дека „208 GTi“ користи ист четирицилиндричен 1.6 литарски „THP“ мотор кој го придивжува и моделот „RCZ R“, но се очекува дека за потребите на моделот 208 R, овој агрегат кој во „Peugeot GTi“ развива 200 ks, да биде помоќен.

Сепак, моторот веројанто ќе биде послаб отколку што е случајот во моделот „RCZ R“, каде произведува 273 ks, пред се поради помалата тежина на „Peugeot 208 R“.

„Peugeot 208 R“ не треба да се очекува во продажба пред 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП