2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто ако автомобилот се запали?!

Што ако автомобилот се запали?!

pozar kola

Во автомобилот има многу запаливи работи, но најчеста причина за пожар е цревото за довод на гориво кое пропушта или не е добро споено, потоа краткиот спој, расипаниот карбуратор, а често и жарот од цигарите.

Поголемиот дел од пожарите се појавуваат во моторот, затоа е важно редовно да се проверува доводот за бензин и каблите. Доколку забележите дека потрошувачката на гориво расте непропорционално со поминатите километри, обрнете внимание дали резервоарот протекува, но не се доближувајте со запалена цигра, затоа што и пареата од бензинот е запалива. Евентуални дупки во резервоарот затворете ги со парчиња сапун, затоа што тој не се раствора со бензин. Апаратот за гасење пожар и тоа како е потребен во автомобилот и мора да се наоѓа во дофат.

Што да сторите во случај на пожар.

Најпрво немојте да се возбудувате, запрете го автомобилот, исклучете го моторот и отворете ја хаубата, но само толку колку да можете да го искористите апаратот за гаснење, но да не влезе воздух, затоа што тогаш оганот уште повеќе ќе се распали. Доколку неможете да ја отворите хаубата, интервенирајте преку системот за ладење. Ако истекува бензин, попрскајте го резервоарот со апаратот за гасење, но внимавајте одеднаш да не ја потрошите целата смеса, за да имате резерва за секој случај.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП