2 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата почнува да се смирува!

Инфлацијата почнува да се смирува!

Трошоците на живот во март се зголемени за 2,7 отсто. Ова е добар податок ако се знае дека во февруари во однос на истиот месец лани трошоците на живот беа зголемени за цели пет отсто. Најновиот извештај на Државниот завод за статистика покажува дека на месечно ниво има дури и намалување за 1,3 отсто кај животните трошоци, нешто што одамна не се случило.

Податовите велат дека најголем раст на трошоците за живот на годишно ниво има кај алкохолните пијалоци и тутунот. Но се уште може да се забележи дека граѓаните купуваат поскапа храна, имаат зголемени трошоци за подмирување на сметките за домување.

Ова се најголемите проблеми со кои се соочуваат домаќинствата во последниве неколку години. Статистичарите неколку месеци по ред објавуваат дека инфлацијата не смее да се потцени иако сега е намалена на ниво кои за многумина значи нормана инфлација.

Засега трошоците за храна се зголемени за 2,1 отсто, облека и обувки 3,4 отсто. Сметките за домување се зголемени за 2 отсто. Мебел и покуќнина раст на трошоците за една година од 3,3 отсто, речиси идентичен раст на трошоците граѓаните имаат и за здравствена заштита. За комуникации близу 2 отсто. За угостителски услуги како посета на ресторани и сместување во хотели трошоците се пораснати за една година за фантастични 12 отсто.

„Намалувањето на инфлацијата во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 3.0 %, Транспорт за 1.8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.6 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.5 % и Разновидни стоки и услуги за 0.3 %. Во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Домување, вода, електрика, гас и други горива и Облека и обувки за 0.4 %, Ресторани и хотели за 0.3 %, Комуникации и Здравје за 0.2 % и Рекреација и култура за 0.1 %. Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец“, се вели во извештајот на Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека индексот на трошоците на животот во март 2025 година, во однос на март 2024 година, бележи зголемување од 2.7 %, а пак индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.2 %. Ова се првите значи за стабилизирање на инфлаторнито шокови. По серијата на мерки и законски решенија конечно да се добијат вакви официјални податоци кои покажуваат дека нема драстичен раст на трошоците на живот.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП